Пуштена во употреба новата административна зграда на ТИРЗ Скопје 1

Bez autora
Aug 26 2012

Новата административна зграда на Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во сабота е пуштена во употреба. Во рамки на објектот предвидено е да функционира царински терминал со капацитет од 60 товарни возила, шпедиција, банкарски и поштенски услуги, ресторани, околу 40 канцеларии и други помошни простории потребни на компаниите кои работат во зоната. Со изградбата и адекватното инфраструктурно опремување на зоните верувам дека ќе излеземе во пресрет на сè поголемиот интерес за инвестирање во земјата, а со тоа ќе овозможиме отворање на што е можно повеќе фабрики и нови работни места во Македонија.

Пуштена во употреба новата административна зграда на ТИРЗ Скопје 1Новата административна зграда на Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во сабота е пуштена во употреба.

Во рамки на објектот предвидено е да функционира царински терминал со капацитет од 60 товарни возила, шпедиција, банкарски и поштенски услуги, ресторани, околу 40 канцеларии и други помошни простории потребни на компаниите кои работат во зоната.

„Со изградбата и адекватното инфраструктурно опремување на зоните верувам дека ќе излеземе во пресрет на сè поголемиот интерес за инвестирање во земјата, а со тоа ќе овозможиме отворање на што е можно повеќе фабрики и нови работни места во Македонија", рече премиерот Никола Груевски, на отворањето на новата административна зграда во ТИРЗ Скопје 1.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, инвестицијата ќе придонесе кон создавање на подобри услови за водење бизнис во ТИРЗ Скопје 1.

„Придобивките од концептот технолошко-индустриски развојни зони се евидентни. Странските директни инвестиции во земјата кумулативно во периодот од 2007 до 2011 година изнесуваат 1,5 милијарди евра, што означува пораст од 93 отсто во споредба со периодот од 2003 до 2006 година, а значајно е што ова се случува во време кога светската економија ги доживува своите најтешки моменти уште од големата депресија", рече Ставрески.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо очекува во ТИРЗ Скопје 1 да дојдат уште странски компании.

„Станува збор, додаде, претежно за компании од автомобилската индустрија од Европа и од Северна Америка и оти некои од нив имаат донесено внатрешни начелни интерни одлуки, но моментот на објавување на целиот тој процес зависи од нив", рече Мизо.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik